Фудбалерот за врска, Артуро Видал со Баерн Минхен во вторник (20:45 часот) ќе се сретне со својот поранешен клуб Јувентус во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.
Чилеанскиот репрезентативец кој успешно го носеше дресот на „бјанконерите“ посакува победа и пласман во 1/4 финалето.
– Јувентус ми недостасува, но сепак овој пат посакувам победа против клубот каде што поминав одлични мигови. Ќе дадам се од себе да стигниме до позитивен резултат во Торино, а потоа на Алијанц Арената со нашите гледачи да прославиме влез во 1/4 финалето. – рече Видал.
Чилеанецот во Торино помина четири години освојувајќи четири титули во Серија А, една во италијанскиот куп и една во Супер купот на Италија.
OhridNews











