15-годишната Ивана Коскоска веќе три години чекори по патот кон успехот во сферата на музиката. Нејзиниот музички талент беше забележан и доживеа голем успех на одржаното Талент шоу OhridSUPERSTAR, како и на меѓународниот арт фестивал-натпревар Езерски бисери, Фолклорна бајка.

Ивана учи во прва година во охридската гимназија, многу ја сака музиката и како што вели, се пронаоѓа во музичките води како пеачка и познато име на македонската музичка сцена и пошироко.

Од вчера на YouTube може да се најде нејзиниот прв видео запис изработен од охридското музичко студио Music Room. Во очекување е и на нејзината прва песна и спот, кои се награда за успешниот настап на OhridSUPERSTAR.

OhridNews