Македонскиот репрезентативец Горан Пандев и неговата екипа Наполи имаат негатива од 2-1 по поразот од Сиена првиот полуфинален натпревар во “Копа Италија“. Капитенот на “црвено жолтите“ Пандев на теренот помина 71 минута, потоа беше заменат со Варгас при резултатат 2-0.

За Сиена погодоците ги постигнаа Региналдо во 41-та и Д`агостино во 66-та додека почесниот гол за “азурите“ беше “автогол“ на Песоли.

Реванш натпреварот од 1/2 финалето во “Копа Италија“ се игра на 23 март.

Мх.П.