Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни- Светскиот ден за заштита на животната средина, во соработка со основните и средните училишта од Охрид, организира акција за собирање на стара хартија. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 8 – ми јуни ( среда ) од 8 до 17 часот.


 
Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија , тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од  Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до, за нив, најблиското училиште.

OhridNews