Кипарскиот тенисер Маркос Багдатис беше дел од грчката навивачка група која пеела антимакедонски и антитурски песни за време на мечевите од тенискиот гренд-слем Австралија опен.

Багдатис е снимен како пее песни против Македонија и против Турција, за време на мечот меѓу Чилеанецот Фернандо Гонзалес и Гркот Константинос Економидис.

Кипарскиот тенисер во националистичките слогани вели дека Грција и Македонија се една земја, а истотака „бара“ заминување на турците од островот Кипар, кој инаку е поделен меѓу Грција и Турција.

Тогаш грчките навивачи влегоа во конфликт и со полицијата, која е задолжена за редот на турнирот. И покрај инцидентот, Багдатис вели дека не чувствува потреба да се извини.

Дали треба или не треба оценете сами !!!

– Нема потреба да се извинам бидејќи тогаш јас протестирав поради ситуацијата во мојата земја Кипар – се вели во изјавата на Багдатис.

Истите навивачи со кои Багдатис навиваше, подоцна направија уште неколку инциденти. Полицијата уапси тројца, а десетина беа исфрлени од трибината.

Багдатис имаше оправдување и за нивното однесување. – Слушнав дека полицијата дошла кај навивачите и веднаш почнала да ги прска со спреј, иако тие не направиле ништо лошо. Само гласно навиваа и можеби испиле некоја чашка повеќе. Тоа е се’ – вели Багдатис.

Наредната недела во Охрид ќе се одржат нова рунда преговори околу спорот што Грција го има со името на нашата земја МАКЕДОНИЈА.

[email protected]