Репризата од минатогодошиното финале во ЛШ помеѓу Челси и Манчестер јунајтед заврши нерешено 1-1 .

Челси се извлече во дуелот со актуелниот првак и ја продолжи рекордната серија од 85 меча без пораз на свој терен.Последен пат беа поразени на 21 февруари 2004 година.

Манчестер јунајтед имаше водство со голот на Џи сунг-Парк во 18 минута, а Челси стигна до реми благодарение на погодокот на Саломон Калу 10 минути пред крајот.

Резултати
Сандерленд – Мидлсбро 2-0
Блекбурн – Фулам 1-0
Ливерпул – Стоук 0-0,
Вест хем – Њукасл 3-1
Болтон – Арсенал 1-3
ВБА – Астон вила 1-2
Манчестер С -Портсмут 6-0,
Тотехем – Виган 0-0.

М.П.