Информативниот видео билборд во градскиот парк ќе биде поставен неколку метри подалеку од местото кое деновиве се подготвуваше, информираат од Локалната самоуправа.


Поточно, се очекува да биде поставен на местото за кое сопственикот на билбордот претходно добил одобрение од страна на локалната самоуправа. Зошто воопшто дојде до започнување на градежните работи за поставување на билбордот пред неколкуте споменици во градскиот парк, од Локалната самоуправа објаснуваат дека најверојатно станува збор за недоразбирање околу точното место каде треба да биде поставен. Од таму ветуваат дека видео билбордот ќе биде поставен така што нема да ја нарушува естетиката на просторот.

OhridNews дознава дека сопственикот на фирмата која ќе го поставува билбордот е во Охрид заедно со потребната опрема.

Инаку, огласот за поставување на видео билбордот беше распишан од страна на Локалната самоуправа при што беа определени и неговите димензии со одолжина на дисплејот од 4 метри и висина од три метри.

OhridNews