Параолимпијадата може да понуди исти дури и поголеми победници од Олимпијадата која секогаш буди поголемо внимание во светот. Еден таков чин направија двајцата браќа Браунли коi никого во светот не оставија рамнодушен. 


Имено, постариот од браќата, Аластер, запре во борбата за првата позиција и му помогна на својот помлад брат кој беше пред колапс на триатлон патеката на Параолимписките игри. 

Аластер ја загуби првата позиција, но својот потег ги освои симпатиите на социјалните мрежи. Првото место му припадна Хенри Шуман, но морален победник беше Аластер. 

– Да го оставев така пред финишот од трката каде што нема медицинска помош ќе беше страшно. Не дека ми е брат, тоа ќе го направам за секој бидејќи човечкиот живот е поважен од се. – рече Аластер. 

OhridNews