Вест Хем на Аптон Парк со убедливи 4-0 го совлада бранителот на трофејот во Карлинг Купот, Манчестер Јунајтед. Арсенал со рутинирани 2-0 трумфираше над Виган и му се придружи на Вест во 1/2 финалето.


Менаџерот на “бебињата“ се коцкаше со комбинираниот состав кој истрча на мегдан со “чеканите“ но тоа како бумеранг му се врати. Манчестер Јунајтед ни малку не наликуваше на оној кој го збриша Блекбурн со 7-1, “црвените ѓаволи“ со бледа и анемична игра во средината а посебно во одбраната му дозволија на Вест Хем до врв да ја наполнат мрежата на полјакот Томаш Кушчак.

Резултати: Вест Хем – Мен Ју 4-0, Арсенал – Виган 2-0

Во преостаните два натпревари ќе се сретнат градските ривали Бирмингем – Астон Вила и Ипсвич – ВБА.

Mх.П.