Бензема, Клосе, Џерард и Меси со по пет погодоци се на врвот на листата на стрелци во групната фаза од Лигата на Шампиони

Сите овие напаѓачи со своите клубови ќе играат во понатамошната фаза.

Погодоците на Карим Бензема беа клучни на мечевите со Фиорентина, Бензема беше двоен стрелец на гостувањето во Романија, додека погодокот против Баерн не беше доволен да се ивлечат од пораз.

Капитенот на Црвените Стивен Џерард беше творец на победите против Марсеј, прецизно стрелаше по непостоечкиот пенал од белата точка за реми со Атлетико, додека ја запечати победата против ПСВ.


Три натпревари му требаа на Мирослав Клосе да ја пронајде голгетерската форма. По два погодоци постигна во победите на Баерн Минхен над Стеуа и на тешкото гостување во Лион додека еднаш беше прецизен на Алианц Арената против виолетовите


Лионел Меси со два погодоци во 90-та минута го “замрзна“ Шахјтор,  стрелаше прецизно во победата на Барса на гостувањето кај Спортинг, а по еднаш погоди на двата меча против Базел.

 Ждредбката за 1/8 финалето од Лигата на Шампиони е во Петок 19 декември. Првите натпревари се играат на 24/25 февруари

М.П.