Во декември, кога празничното расположение е во полн ек, една ноќ, магијата на Дедо Мраз долета во ординацијата на „Д-р Баткоски“, кој неочекувано се соочува со непријатен проблем. Дедо Мраз од мака го „спаси“ тимот на познатиот Стоматолошки центар во Охрид, кој со креативно видео ги честита новогодишните празници.
Убаво е да се подарува, убаво е и кога Ви подаруваат, но најубаво е кога ќе подарите насмевка. Насмејте се бесплатно и израдувајте многу луѓе. Имајте среќни и насмеани празници! – порачува тимот на д-р Баткоски.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е препознатлив по креативните рекламни кампањи и добриот маркетинг, а најновото видео што го изработи „Digital Box“ е потврда дека и кај нас имаме успешни приказни кои работат по светски терк.
OhridNews