Даниел Кајмакоски со песната „Лисја есенски“ победи на Скопскиот фестивал и ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија што во 2015 година ќе се одржи во Виена, Австрија.

Изборот беше направен според евровизискиот модел, кој е комбинација на гласови од меѓународно стручно жири и телевоутинг.

Второто место го освои Тамара Тодевска со песната „Брод што тоне“.

Победникот на Скопскиот фестивал освои и награда од 1.200.000 денари.

OhridNews