Триесет и пет погодоци на осум средби беа постигнати на натпреварите од 11 коло од Втората МФЛ.
На два меча, онај на Билјани Охрид – Локомотива и во Тетово Шкендија – Скопје беа постигнати идентични резултати 6-2, но само што во Охрид се радуваа гостите додека во Тетово домаќините.
Дербито на колото му припадна на Тетекс кој максимално го искорити падот во играта на лидерот Дрита, нанесувајќи им го вториот пораз во серија (1-4). Слога се сопна во Кисела Вода кај Цементарница (1-0), додека Брегалница во Гевгелија мораше да се задоволи со реми 2-2. Немаше победник во струмичкото дерби помеѓу Нов МИлениум – Беласица 1-1, додека значајни победи во борбата за опстанок во меѓуебните пресметки извојуваа Вардар Д против Маџари 2-1, односно Миравци против Новаци 4-0.
Листата на стрелци ја предводи Клечакроски со десет погодоци, додека веднаш зад него е Беќировски со девет.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...
Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за последните два натпревари во групата Б1 од Лигата на нации Избраниците на селекторот Гоце Седлоски прво ќе ѝ гостуваат на Шкотска, а п...