Со дефиле низ охридските улици и показни вежби денес охридската Противпожарна единица го одбележa 20-ти мај Денот на пожарникарите во Македонија.
Охридската противпожарна единица ја чинат 38 пожарникари, опремени со седум специјални возила за гасење пожар и пренос на техника, од кои само едно е ново.
Според податоците од Единицата, во првото тромесечие на ова година охридските пожарникари имале 92 интервенции на терен, што е намалување споредбено со истиот период лани.
За најдобар пожарникар беше прогласен Митко Аслимоски, а во име на Општина Охрид, Денот на пожарникарите им го честиташе заменик градоначалникот Перчо Божиновски.
Од Охридскиот Архив по повод Денот на пожарникарите се присетуваат на дамнешните времиња и потсетуваат на долготрајноста на професијата.
Со стара фотографија која прикажува долготрајност на професијата пожарникар во градот Охрид им го честитаме Денот на пожарникарите 20ти Мај…со почит за нивната пожртвуваност…, велат од Охридскиот Архив.
Н.С.Ј.