Второлигашот Дерби направи голем чекор до финалето на Карлинг купот откако со погодокот на Комонс во првата половина од натпрварот го скроти актуелниот европски шампион Ман Ју. Дерби на реваншот на Олд Трафорд патува со предност од 1-0.


Фергусон реши поголемиот дел од првотимците на ѓаволите да ги изостави. Влегувањето на Роналдо и Руни во вториот дел не измена ништо во бледата игра на Јунајтед.

Во останатото полуфинале по првиот натпревар Тотенхем има убедлива предност над нисколигашот Барнли.


Резултати: Тотенхем – Барнли 4-1, Дерби – Ман Ју 1-0

Севиља со погодоците на Фабијано и Кануте обезбеди предност во дуелот со Депортиво. Валенсија со отворен резултат се враќа од гостувањето во Расинг играјќи 1-1. Поли Ехидо на домашен терен го изненади прволигашот  Еспањол совладувајќи го со 3-2.


Резултати: Поли Ехидо – Еспањол 3-2, Расинг – Валенсија 1-1, Унион Ирун – Бетис 0-1, Севиља – Депортиво 2-1, Спортинг – Ваљадолид 3-1

М.П.