Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, вечерва, имаа работна вечера во ресторанот „Чун“ во центарот на Охрид.Тие на вечерата пристигнаа со полциска придружба. Поради високите гости засилено беше присуството на полиција во центарот на градот, каде беше редуциран сообраќајот.
Димитров и Коѕијас утре претпладне во Охрид ќе имаат нова рунда разговори околу спорот за името, на која нема да присуствува медијаторот на ОН Метју Нимиц.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, попладнево слета на аеродромот во Охрид „Ав. Апостол Павле“ од каде утре ќе отпатува за Приштина на средба со претставници на косовските власти во рамки на мини балканската турнеја на шефот на грчката дипломатија, во рамки на која тој го посети и Белград.
OhridNews












