Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет. Видео сторијата за состојбата на колекторските системи на езерата во Македонија ја изработи СКУП Македонија во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“.

автор: Жарко Настовски
CIJ SCOOP Macedonia