Вкупно седум пливачи во машка и женска конкуренција влегоа во финишот од трката на Охридскиот пливачки маратон. Најбрз и највешт беше Александар Стуџински од Германија кој победи пред нашиот пливач Евгениј Поп Ацев и Аргентинецот, Гилермо Бентола.

– Не очекував да победам. Минатата година имав операција на десното рамо и ова ми е само втора маратонска трка по операцијата. Целта ми беше да завршам во првите пет, и навистина не очекував победа. Уживам да пливам во Охридското Езеро каде за прв пат настапив во 2006 пред 11 години. – изјави победникот Стуџински.

Во женска конкуренција триумфираше Италијанката Барбара Поцбон која исплива рамноправна трка со машките маратонци. 

Германецот Стуџински победник на Охридскиот пливачки маратон !

OhridNews