Иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ, а патот до таму води преку заедништво и взаемно почитување на традициите и различностите, истакна кандидатот за претседател од ДУИ, Агрон Буџаку на митингот што синоќа се одржа во Центарот за култура во Охрид.


Буџаку е сигурен дека ќе влезе во вториот круг од изборите за претседател, но не знае кој ќе му биде противкандидат во потесниот избор. Тој напомена дека визијата за Албанец претседате не е неостварлива, но во овој момент, рече Буџаку,  сеуште не се создадени услови за такво нешто.


На митингот беа претставени кандидатите за членови на Советот на Општина Охрид од ДУИ, а листата ја предводи Недим Положани.


Пред охриѓани се обрати и лидерот на партијата, Али Ахмети. Тој рече дека Охрид по 2001 година покрај по туризмот е познат и по Рамковниот договор, поради што симболично пред зградата на општина Охрид треба да се вее и албанското знаме. Ахмети најави дека ДУИ ќе се залага за изградба на средно училиште на албански јазик во Охрид и негување на културните традиции на албанската заедница во градот.



ДУИ одржа митинг во Охрид

Ohridnews