Видео на тема „Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште” под наслов ,,Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех” изработија учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Оваа видеореклама го освои второто место на натпреварот Образовно рандеву МАССУМ 2023 во конкуренција од средните стручни училишта во Македонија. Со ова видео ученици праќаат една едукативна и позитивна порака која треба да допре до секој ученик.

Во изработка на видеото учествуваа учениците Бобан Кочески, Иво Јовчески, Ален Бајрам и Димитар Димоски од паралелката III-3 од училиштето, под менторство на професорот Ацо Вретоски.

OhridNews