Охриѓанецот Влади Лукан, на оригинален начин потсетува на смртта на извонредниот македонски фолк пејач Гоце Арнаудов, кој почина на денешен ден пред 4 години по долго и тешко боледување на 52- годишна возраст. По тој повод Влади сними ковер на преубавата балада од Гоце Арнаудов „Штом ноќта помине“.
Влади Лукан е студент на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Започнал да свири од 10 години, благодарение на љубовта кон музиката што му ја пренела неговата баба, која пред да се роди му купила клавир. Сам научил да свири клавир. Коверот на „Штом ноќта помине“ од Гоце Арнаудов е оригинална изведба направена според слух, вели Влади.
OhridNews