За кусо време топлиот и спарен 12-ти јули се претвори во невреме кое се закануваше да го одложи свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“, но и да предизвика сериозни оштетувања низ градот. За среќа силниот ветер стивна, набргу потоа и дождот, а темните облаци ги замени ведро ѕвездено небо. Иако траеше кратко невремето во Охрид ја демонстрираше сета моќ и непредвидливост на природата.

За разлика од Охрид, невремето во Тетово корнеше дрвја и покриви, при што животот го загуби едно 4-годишно дете кога врз автомобилот во кое тоа патувало задно со членови од семејството паднала голема гранка. Во Скопје невремето предизвика 28 пожари, како и оштетувања на покриви и дрвореди. 
Метеоролозите предупредуваат дека наредните денови можни се локални дестабилизации на времето во форма на невреме.
OhridNews