Деновиве во јавност е промовирано уште едно видео од настапот на светски познатиот гитарист од Охрид Дамјан Пејчиноски и Претседателскиот оркестар на Белорусија од неодамнешниот концерт во Минск “Smoke on the water”.
Овојпат тие заедно го изведоа бевременскиот хит на Prince „Purple rain“. Фантастичната гитарска изведба на Дамјан беше поздравена со овации од публиката, но и од уметниците на сцената. Погледнете:










