Победи на фаворитите на натпреварите од вондредното коло во англиската Премиер лига. Челси со голот на Дрогба го совлада Портсмут (0-1), Арсенал ја прекина низата нерешени резултати и по пет  средби победи совладувајќи ја ВБА (1-3). Конечно и црвените имаа причина да се радуваат откако со 2-0 го совладаа Сандерленд.

Денес играат: Манчестер Сити – Астон Вила, Њукасл – Манчестер Јунајтед, Стоук – Болтон, Виган – Вест Хем, Блекбурн – Евертон, Фулам – Хул, Тотенхем – Мидлзбороо

М.П.