Членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на граѓаните на Македонија им го честитаа официјалното пристапување во НАТО на интересн начин, од водите на Охридското Езеро.

Нуркачите од „Амфора“ во Заливот на коските во Градиште, под вода истакнаа транспарент со македонското и знамето на северноатлантската алијанса и на тој начин симболично го одбележаа влегувањето на земјата во НАТО.

Честитки за влезот на земјата во НАТО од водите на Охридското Езеро

OhridNews