Студеното време и минусните температури не ги спречија охриѓани да излезат на градскиот полоштад, каде на дочекот на Новата година настапија Калиопи, Викторија Лоба, Боби Мојсоски, Билјана јуниор и Компас бенд. Разиграни и распеани под отворено небо и со прекрсен огномет над Езерото, тие ја дочеаа новата 2016-та со најубави желби.

Инвентивен и малку пинаков дочек на Новата година годинава понуди реномираниот хотел „Силекс“. Прославата беше комбинација помеѓу затворен простор во ресторан и надвор на отворениот базен покрај кој беше поставена новогодишна елка. Атмосферата дополнително ја вжештија Селект бенд и фолк ѕвездата Влатко Миладиноски потпомогнати од трубачи, а прославата на полноќ кулминираше со шампањ и голем огномет. 

-Трендовите се менуваат дочекот на новата година во хотел се повеќе се заменува со дочек во домашен амбиент или на плоштад, но доколку во хотелската понуда се додаваат секогаш нови анимативни содржини, концепциски промени во програмата, хотелот останува актуелен и примамлив како место за прослава за секого и во таков случај ресторан од 430 седишта може да биде исполнет до последно место. Таков е случајот со хотел „Силекс“ и на 31 и вечерва на 1-ви јануари.-велат од менаџментот на хотелот.

Весело беше и во угостителските објекти в долж ривиерата кои беа целосно исполнети. За забавата во лаунџ бар НОА се погрижи познатиот македонски пеач Ѓоко Танески. Забавата во НОА вечерва продолжува со Викторија Лоба.

Одлична атмосфера владееше и во Мезе бар. Се играше и пееше до доцна во ноќта.

Новогодишната прослава традиционално продолжува вечерва. Слободни места во угостителските објекти во Охрид речиси и да нема, што ветува добра празнична забава во најтуристичкиот град во земјата.

OhridNews