Локално невреме со врнежи од дожд и град попладнево го зафати Охрид.
Од Центарот за управување со кризи во Охрид велат дека досега нема пријави за евентуални настанати штети.
Она што во моментов го имаме како информација е дека нема пријавени штети. Станува збор за краткотрајно невреме проследено со врнежи од град, но, сепак не знаеме дали некој понатаму би пријавил, вели Митко Темелковски.
Краткотрајното невремето во силни врнежи од град се случи нешто по 15 часот.
Од ЦУК денеска порано апелираа на внимателност поради опасност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов.
Согласно информацијата од УХМР, ЦУК превентивно апелира и препорачува граѓаните во земјава од попладнево викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава, наведува ЦУК во апелот.
OhridNews












