Групи навивачи во црвено – жолти обележја пристигнуваат од сите страни во арената “Штадхале” во Виена,  каде вечерва нашата машка ракометна репрезентација ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Украина (20:30).

Навивачи има од Охрид, Струга, Битола, Скопје… но и од Австрија и околните земjи.

Популарната фаланга се загреваше во фан зоните околу виенска арена, каде вечерва ечат македонски песни.

Голем дел од македонските навивачи остануваат во Виена и наредните денови да ја бодрат својата репрезентација.

Македонската фаланга ја освојува Виена

OhridNews