Стоп за насилство!, Размисли пред да кажеш нешто, можеш сериозно да повредиш некого!, Незнаеш некој низ што може да поминува, затоа биди добар и животот ќе те награди! Не малтретирај, не кревај рака!, Сите сме исти!- беа дел од пораките кои ги пренесоа учениците од ОУ „Христо Узунов“ на маршот за подигнување на свеста за врсничко насилство.

Моќни пораки испратија учениците за тоа дека булингот – односно врсничкото насилство треба да се сопре и да се пријави.

Едукацијата за тоа што преставува врсничкото насилство, но и начините како учениците да се справат со истатата е многу важна и училиштето преку наставните програми става акцент на овој феномен, информираат од училиштето.

Маршот започна од дворот во училиштето движејќи се низ охридските улици се до градскиот плоштад.

OhridNews