Концерт за паметење приредија Влатко Стефановски и Националниот ансамбл Танец на Античкиот театар во Охрид.
Во извонреден аранжман тие со многу емоции заеднички изведоа некои од најубавите македонски песни како Елено ќерко, Зајди зајди, Јано мори… кои беа проследени со долги аплаузи од публиката која уживаше во секој момент од прекрасната музичка вечер, каква што ретко се доживува.
Концертот на Античкиот театар уште еднаш ја потврди исклучителната вредност на музиката на Влатко и Танец. И не само тоа, тие се национално богатство од непроценливо значење кое треба да се чува и негува.
Музичка вечер за паметење на Античкиот театар
Г.М.
















