Во крвавиот терористички напад во Париз животот го загубија десет новинари – карикатуристи, меѓи кои и главниот удерник на сатиричниот весник „Charlie Hebdo“ Стефан Шарб, како и двајца полицајци.
Меѓу убиените новинари е и стрип цртачот Жан Кабу, кој ја нацрта карикатурата на пророкот Мухамед во 2006 година, која се најде на насловната страна на „Charlie Hebdo“ и предизвика лавина реакции во исламскиот свет.
Весникот со години добиваше закани, а во 2011 беше мета на бомбашки напад во кој немаше жртви. Поради опасноста од тероризам дел од вработените имаа и лично обезбедување.
Преживеана во нападот изјавила дека вооружените напаѓачи аборувале течен Француски и кажале дека се од Ал Каеда. Тие упаднале во редакцијата за време на колегиум и отвориле оган кон присутните. Им се спротиставило обезбедувањето, а кога се зачуле полициски сирени тие ја напуштиле зградата на весникот извикувајќи дека одмаздата е извршена. Напаѓачите избегале со автомобил Цитроен кој подоцна го оставиле, а бегството го продолжиле со Рено Клио. Полицијата се уште трага по нив.
Во нападот ранети се десет лица, од кои четворица се во критична состојба.
Осуди за терористичкиот напад во Париз стигнуваат од целиот свет. Нападот го осудија и меуслиманските челници во Франција, пренесува „Гардијан“.
OhridNews













