Во сонце облеаниот Охрид на часови до Новата година е преполн со гости. Најмногу туристи има од опкружувањето, а во голем број ги има и домашните гости. Тие уживаат во прошетка покрај езерото или во некој од многуте настани што се одвиваат на повеќе отворени сцени во рамки на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“, што го реализира општината во насока на збогатување на туристичката понуда. Новогодишната забава во Охрид која почна на пладне со настап на малите ѕвездички од детските фестивали, продолжува во текот на целиот ден. На плоштадот кај Чинарот отворена е чоколадната улица, а атмосферата ја надополнуваат баскер – уметници.
Гостите се одушевени од изгледот на градот во вечерните часови. Се фотографираат и уживаат во празничниот амбиент на Охрид кој изгледа бајковито.
Централната прослава ќе се одвива на градскиот плоштад, каде од 19 часот ќе настапат комичари, диџеи и локални уметници, по што следат ансамблот Билјана јуниор и Анита Мицова. За дочекот на Нова година охриѓани ни гостите ќе ги забавува Даниел Кајмакоски, а предвидено е и обраќање на градоначалникот Стојаноски.
OhridNews



















