На Долни сарај синоќа се одржа Охридски вински салон „Над Езерото“ (Above the Lake 2025) – манифестација која ја промовира винската култура.
Настанот што го организира ресторанот „Канео“ годинава привлече 30 македонски винарии кои се претставија со над 300 етикети вино и вински дестилати.
Присутните, меѓу кои и голем број домашни и странски туристи, уживаа во квалитетните македонски вина, дестилати и храна од домашно производство, а настанот го збогати настапот на Агни Авшар квинтет.
Охридски вински салон „Над Езерото“ (Above the Lake) несомнено прераснува во врвна туристичка приказна која не само што му доликува на Охрид, туку претставува и додадена вредност на туризмот која со својот квалитет се издвојува од морето настани што во летниот период се организираат во градот. Несомнено „Above the Lake“ претставува ретко позитивен пример и културен настан во вистинска смисла на зборот кој заслужува чиста десетка.
Фото галерија:
Охридскиот вински салон „Над Езерото“ – врвна туристичка приказна која му доликува на Охрид
Г. Момироски