Видео + фото: Отворен патот до магијата на 57-то Охридско лето
12.07.17 21:42
Со концерт на култниот американски џез состав „Форплеј“ придружуван од Македонската филхармонија што се одржува вечерва на Античкиот тетар, започна 57-то издание на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.
Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој воедно е покривител на манифестацијата.
Нема подобар начин фестивалот Охридско лето да го започнеме со џез чие второ име е слобода. – рече претседателот Иванов.
Свое обраќање имаше и министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој истакна дека по повеќе од половина век изградба на Охридско лето, манифестацијата стои исправена пред предизвиците на новото време, новите културни наративи, новите технологии, уметничките изрази и новата публика. – Сигурни сме дека во периодот што доаѓа Охридско лето ќе понуди нова визија за новите времиња. – додаде министерот Алаѓозовски.
Од име на уметниците, порака од фестивалот испрати доајенот на македонското глумиште Мето Јовановски. -Нека овој сценски простор биде духовен светилник од кој зрачи убавото, нека бидат благословени сите кои ќе настапат во овој свет храм над кој што бдее Св. Климент Охридски.
Симболично на 57-то издание на Охридско лето во 40-те фестивалски денови од 12 јули до 20 август ќе бидат одржани 57 културни настани. Фестивалот оваа година се одржува под мотото „Патот до магијата“.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.