За кратко време во Охрид наврна поголема количина дожд кој повторно го оптовари канализициониот систем. Реки вода течеа низ стариопт дел на градот, чаршијата и улиците нма Охрид.

Краткотрајниот дожд проследен со ветер кој го зафати попладнево Охрид предизвика проблеми кај Кардиолошкиот завод во Охрид, каде беа откорнати дрва и блокиран влезот од болницата. Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ на терен.

Според податоците на УХМР до 16 часот во Прилеп наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен, во Крушево 23, во Маврово и Пожаране 12, во Охрид шест, во Битола пет, во Тетово и Виница четири, во Демир Капија два, а во Скопје на Зајчев Рид еден литар дожд на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

До крајот на денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), појава на град и силен ветер со брзина над 60 км/час. Обилни врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта.

Времето утре ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе се движи од 18 до 24 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата, потенцираат од УХМР.

Г.М.