Патнички автомобил се запалил вечерва околу 19 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Арбиново.

Во незгодата, за среќа, нема повредени. Возачот на време го напуштил опожареното возило.

На местото на настанот интервенирала противпожарната екипа од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews