Пожар избувнал во глисер закотвен во Охридското Езеро пред плажите помеѓу Лагадин и Елешец, на околу 30 метри од брегот. Инцидентот се случил утрово околу 11:30 часот.

Повредени лица нема, во тек е интервенција на Професионалната противпожарна единица Охрид и Езерска полиција, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Истрагата треба да ги утврди приличините за пожарот.

Ова е втор ваков случај оваа сезона во Охрид. Неодамна се запали глисер во движење во каналот Студенчишта. Повредени немаше, а беше предизвикана материјална штета.

Г.М.