Млад брачен пар од САД овој викенд ги собира во Охрид роднините и пријателите од сите страни на светот. Причината е прекрасна: со пригодна церемонија да го озваничат својот брак токму во нашиот град.

Алекдандар Метулев е родум од Охрид, но веќе 18 години живее и работи во Лос Анѓелес и Сан Франциско. Без разлика на огромните далечини и работните обврски, Александар успеал да ја оствари големата желба за свадба во Охрид, на радост на родителите и роднините кои живеат во Македонија,

На Александар и Бријана, иначе пасионирани нуркачи, им приредивме мало изненадување, да извлечат од езерското дно вино со кое ќе го зачинат светиот брачен завет. Брод, чамец, професионална нуркачка опрема и асистенција, перфектна храна во ресторанот Рибар во Трпејца, едноставно одбравме идеален ден за уживање. – изјави Проф. Зоран Тунтев, организатор на настанот.

Одлежано веќе година и пол во длабока вода, виното добива чудесен квалитет. Верувам дека до почетокот на сезоната ќе ја добиеме најдобрата Темјаника на цел свет,, потенцираше Проф. Тунтев.

Во соработка со ПЕ Логистик, фирма дистрибутер на винаријата Далвина, оваа година ќе бидат спуштени во длабока вода нови количини од сортите Темјаника, Жупљанка, како и неколку шишиња првокласна лозова и јаболкова ракија.

Судбоносно ‘ДА’ во Охрид со пијалокот на боговите

OhridNews