Во Кармен Бауцентар Охрид се одржа незаборавен стручен настан кој ги обедини професионалците од градежната индустрија и верните потрошувачи на едно место.

Настанот беше збогатен со стручни презентации од водечките градежни брендови Бекамент, Цересит, Судал и Мапеи, при што експерти и демонстратори директно од фабриките ги претставија најновите производи и технологии во модерното градежништво.

Нашите професионални мајстори имаа уникатна можност одблизу да се запознаат со иновативни решенија и практични демонстрации, додека купувачите уживаа во ексклузивни попусти до 50% на богат избор од производи. Како дополнителен знак на благодарност, за секој купен производ, посетителите добиваа бесплатни пијалоци и скара, а целата атмосфера беше надополнета со одлична музика и забава во живо од ДЈ Лео. Енергијата, дружењето и позитивната атмосфера го направија денот навистина посебен, велат од Кармен Бауцентар Охрид.

Претставени беа и најновите производи во понудата на Кармен Бауцентар – собни и влезни врати од реномираниот полски бренд Еркадо, како и висококвалитетен водоотпорен под од германскиот производител Swiss Krono.

Промоциите продолжуваат и денес. Ве покануваме повторно да не посетите – ве очекуваат нови стручни демонстрации од брендoвите Dewalt и Knauf, како и продолжение на попустите до 50%, заедно со добра музика, освежување и уште изненадувања! Ви благодариме што сте дел од нашето семејство. Заедно градиме подобра иднина, порачуваат од Кармен Бауцентар Охрид.

OhridNews/PR