Над 400 дечиња зедоа учество во традиционалната Бадникова литија што по 5 пат се одржа денеска во Охрид, под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, а во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид. 

Поворката тргна од црквата Св. Ѓорѓи и пристигна на плоштадот „Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Стојаноски на децата коледарчиња им подели Божиќни подароци. 

Манифестацијата заврши со ручек во црквата Успение на Света Богородица-Каменско.

ФОТО ГАЛЕРИЈА


Охрид го слави Бадник

OhridNews