Во шпицот на сезоната кога вообичаено во Охрид се случуваат голем број настани и концерти за кои деновиве има многу дискусии во јавноста, се одржа осмото издание на „Вино и Џез“ на светски познатиот музичар Владимир Четкар, кој, и овој пат, ги оправда очекувањата на љубителите на добриот звук. Културен настан со препознатлив стил, за тие со префинет вкус, но и за сите што сакаат да слушнат нешто навистина добро, светски, оригинално.
Беше тоа уште една волшебна музичка ноќ со Четкар во препознатливиот амбиент на „Monastery Winery“ во Опеница. Уште едно издание на Вино и Џез исполнето со позитивна енергија и музичка топлина која до полноќ ја задржа публиката на отворено во инаку свежата јулска вечер.
Публиката од различни генерации уживаше во авторската музика на Четкар кој со својата непосредност извонредно комуницираше со неа.
Владимир Четкар интензивно работи на нов албум кој треба да излезе до крајот на оваа или на почетокот ос следната година
Г.М.