Обилните врнежи од дожд ги зголемија водотеците реките во Охридскиот регион. Жителите на Вапила на социјалните мрежи споделија видео со кое предупредуваат на опсност од минување преку локалниот мост поради надојдените води на Расинска река.

По интервенцијата на ЦУК со ангажирање на багер за расчистување на коритото и намалување на притисокот од водата, состојбата околу мостот е привремено стабилизирана. Сепак, поради силниот воден тек, и понатаму постои висок ризик од поткопување на стопите на мостот, што може да ја загрози неговата стабилност и безбедноста на сообраќајот, информират вапилчани.

Во Охрид, пак, од невремето се скрши дрво на улицата „Никола Карев“. Веднаш на терен излегле екипи на јавното комунално претпријатие и интервенирале.

Обилните врнежи од дожд во охридскиот регион предизвикаа проблеми и материјални штети на повеќе локации во Охрид. На ул.,,Никола Карев” е скршено дрво кое падна на тротоарот и предизвика материјална штета врз паркирани автомобили. Дежурните екипи на Ј.П.,,Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен за отстранување на паднатиот бор и стручно и ефикасно санирање на состојбата. Остануваме мобилни во служба на граѓаните, да ја пратиме ситуацијата на терен. – соопшти ЈП Охридски Комуналец“.

Г.М.