Јане Петков, од Петрич, Република Бугарија, направи вистински подвиг соборувајќи го светскиот рекорд во пливање врзан во вреќа. Денеска тој за околу 3 часа врзан со синџири на рацете и нозете успеа да преплива 3380 метри, подобрувајќи го значително стариот светски рекорд поставен во Индија од 3071 метар.

64 годишниот Петков изрази задоволство што успеа во подвигот, истакнувајќи дека овој ден долго ќе се памети во Охрид и во неговиот Петрич.

Голема помош и логистика на Јане во подвигот му пружија Црвениот крст и други волонтери од Охрид.

Фото галерија: 

Анамарија Момироска