Галичица е една од најубавите планини во Македонија, но и покрај тоа што привлекува се повеќе вљубеници во природата таа сеуште нема планинарски дом, што е сериозен недостаток, вели познатиот охридски планинар Мишко Танески, кој е гостин во најновото издание на „Охридски разговори“ што ексклузивно можете да го погледнете на OhridNews tv. Во емисијата Танески раскажува за суровите услови на Аконкагва кои ја спречија охридската експедиција да го освојат овој јужноамерикански врв, кој годинава одзеде рекорден број животи. Добитникот на Светиклиментовото признание од 2009 година наскоро планира нова експедиција, за која деталите ги открива во „Охридски разговори“.