Кошаркарите на Голден Стејт во големото финале од плејофот во НБА лигата ќе ги одмерат силите со тимот на Кливленд. „Воините“ финалната битка со Леброн Џејмс и компанија ја закажаа после победата во седмиот натпревар (101-92) и елиминацијата на Хјустон со вкупен резултат 4-3.

„Ракетите“, кои беа домаќини на популарната мајсторка имаа во своја контрола повеќе од 25 минути игра. Гостинските кошаркари во краток временски период распукаа кон кошот на домаќинот и не само што ја анулираа предноста, туку и го презедоа водството. Во последниот квартал рутински го задржаа и обезбедија финале во кое ќе ја бранат титулата.

Серијата во НБА финалето започнува на 31 мај после полноќ, а домаќин ќе биде тимот на Голден Стејт.

OhridNews