Големо невреме со врнежи од дожд и град предизвика лизгање на земјиштето кај Љубаништа со што пресече дел од патот.

За кратко време падините на Галичица побелеа од обилните врнежи на град, за што сведочат фотографиите направени пред планинската куќа Спиридон, Галичица.

Невремето над Галичица беше проследено и со необичен природен феномен за овој период од годината.

Од 19.15ч. сообраќајот на патот Љубаништа-Св.Наум е во прекин поради лизгање на вода и земја. На терен се екипи на Македонија Пат и надлежните од локалната самоуправа.

Ситуацијата е под контрола и се работи на расчистување. Лизгањето настанало како резултат на кратко невреме со интензивни врнежи од дожд, изјави Митко Темелкоски од ЦУК Охрид.

 

OhridNews