Невреме проследено со обилни врнежи од дожд, град и електрични празнења попладнево го зафати Охридскиот регион.
За кусо време падна голема количина воден талог. Тревниците и зелените површини во градот побелеа, а улиците се поретворија во реки.
Градот беше со големина на лешник, но и поголем, веројатно предизвика големи штети на земјоделските култури, кои допрва ќе се согледуваат. Овој период од годината стасува црешата и јагодата, а погодени се и другите земјоделски култури.
Поради невремето свикана е итна седница на Општинскиот кризен штаб.
Има пријави за поплавени куќи, дворишта, оштетувања на патишта во планинските села. Поради невремето еден лет кон Охридскиот аеродром бил пренасочен за Тирана.
Г.М.