Неефикасноста во нападот и грешката на потесната одбрана го чинеа Охрид минимален пораз (0-1) во дерби средбата со Скопје во рамките од четвртата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ во второто полувреме кога беа со фудбалер повеќе нападнаа со сите расположливи средства, но неефикасноста и гостинскиот голман не дозволија изедначувачки погодок и разгорување на страстите на СРЦ „Билјанини Извори“. Погодокот кој го одлучи победникот го постигна Изет Ајрулаху во 35-та минута од натпреварот.

Најинтересните моменти од дерби средбата во 4-та рунда во Втората македонска фудбалска лига.

 

OhridNews