Фудбалерот на Тотенхем и членот на англиската репрезентација, Хари Кејн ќе ја понесе титулата за најдобар голгетер во Европа за годината која изминува.

Напаѓачот на „петлите“ постигна три голови во победата (5-2) над Саутемптон и стигна до 56 вкупно во 2017 година. Тој на листата најдобри голгетери ги мина Лионел Меси (54) и Кристијано Роналдо (53) кои наградата ја освојува од 2010 година наваму.

Хет трикот на Кејн му донесе признание и во Премиер лигата. Тој го надмина рекордот на Алан Ширер во голови постигнати во една година во најсилниот шампионат во Англија.

Тотенхем со трите бодови се искачи на четвртата позиција, но конкурентите Ливерпул и Арсенал имаат натпревар помалку.

OhridNews