Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно, просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од страдања. А енергијата која извира од неговиот храм на Плаошник силно се чувствува ден денес, потсетувајќи не на заштитникот по чија закрила градот битисува со милениуми.

Видео: Бобан Стојаноски